Европската полиција пред два дена откри мрежа која фалсификува Ковид-19 сертификати. Иако и кај нас имаме слични настани, кога полицијата пронаоѓа лажни Ковид-19 сертификати, сепак тие не се толку чести.
Сите оние кои сакаат да влезат во кој било угостителски објект, задолжително треба да достават потврда дека ја примиле вакцината, или дека го прележале коронавирусот но и со негативен резултат од тестирањето за коронавирусот.
Ваквите случаи кај нас се ретки, но не и во Европа.
Полициските служби во Франција, но и во други европски земји, открија неколку мрежи кои фалсификуваат потврди, со внесување во книшката за вакцина дека лицето ја примило вакцината против Ковид-19 или со издавање дигитален сертификат, како доказ за вакцинација или негативен тест.
Зошто ваквите случаеви се почести во Европа, бидејќи полесно е да се фалсификуваат во Европската Унија, Ковид-19 потврдите.
Европа користи мобилна апликација која ги чува европските сертификати и тие се сосема различни од нашиот систем. Нашиот систем е онлајн. Сите бази на податоци се проверуваат во секое време. Поради својата големина и сложеност, ЕУ се одлучи за офлајн режимот, а тоа дава можност да се злоупотреби таа мобилна апликација.
Нашите граѓани, кои деновиве патуваат во странство, со зелен сертификат можат да влезат во која било земја во Европа, но за влез во нивните ресторани, галерии, трговски центри и други институции потребен е таканаречен ЕУ ковид сертификат, за што нашиот сертификат засега не е усогласен.