Зошто треба да избегнувате да седите со прекрстени нозе

Седењето со прекрстени нозе подолго од половина час е лошо за грбот, предупредуваат германските лекари.

Доколку веќе и седите со прекрстени нозе, тогаш подобро е одвреме-навреме да ја промените нивната положба, онаа нога којашто била горе да ја ставите доле, иако тоа некои и рефлексно го прават, објаснува германскиот ортопед Рејнхард Шнајдерхан, претседател на здружението кое го промовира здравјето на ‘рбетот во Минхен.

Реклама

„Најважно е при седењето честата промена на положбата“, истакнува др Шнејдерхан.

Тој ги отфрла вообичаените совети за тоа дека треба да се седи што поисправено, со погледот право напред и задникот слепен со долниот дел од столчето. „Никој не може долго да ја задржи таквата позиција, бидејќи многу брзо се чувствува напнатост“, додава.

Во крајна линија, луѓето не се создадени за седење, но целосното избегнување на таа положба „не е баш најсоодветна опција“, смета германскиот ортопед.

Реклама