Зошто превземањето на Мариупол е толку важен за Русија? Борбите сè уште траат

Руските борци сега почнаа и копнена офанзива, додека претходно изведуваа само воздушни напади и ја бомбардираа фабриката „Азовстал“ во Мариупол

Битките за Мариупол сè уште траат, а аналитичарите веруваат дека ова можат да бидат последните денови од војната таму. Овој стратегиски важен град на брегот на Азовското Море стана симбол за украинскиот отпор на руската инвазија. Веќе со недели последното место каде што даваат отпор украинските бранители на градот е челичарницата „Азовстал“, под која се наоѓа мрежа на тунели и нуклеарни бункери, каде што моментално се засоленети цивили и последните украински борци кои им даваат отпор на руските сили.

Google search engine

Бомбардирањето траеше со денови, а се чини дека Русија сега ја презеде иницијативата со сите средства.

Освојувањето на градот на Русите ќе им обезбеди копнен мост, кој ќе ги поврзе со полуостровот Крим. Уште поважно, со падот на Мариупол ќе се ослободат значаен број руски трупи, кои сега се поврзани со овој град во кој се обидуваат да го скршат отпорот на бранителите.

Одбраната на „Азовстал“ за Украина е приоритет број 1

„Одбраната на челичарницата ‘Азовстал’ за украинските политичари и воени команданти е приоритет број еден“, рече за BBC Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана.

Сак вели дека се вложуваат големи напори во понатамошна одбрана на комплексот и евакуација на луѓето од него.

Азовстал е последното упориште на украинскиот отпор во стратегиски важниот град Мариупол, за кој Сак оценува дека станал „срцето на војната“.

Тој признава дека состојбата во челичарницата е „исклучително тешка“ за украинските сили. Руските борци сега почнаа и копнена офанзива, додека претходно изведуваа само воздушни напади и ја бомбардираа фабриката.

Сак се надева дека двете страни ќе се согласат околу хуманитарните коридори со кои  на цивилите и повредените во челичарницата ќе им се овозможи да го напуштат градот.

Според неговите зборови, и покрај лошото искуство со Русија, кај украинските сили постои оптимизам. Русија порано ја обвини Украина за кршење на договорот поради што и немаше хуманитарни коридори од Мариупол, но вчера руската војска соопшти дека од денеска па во наредните три дена ќе дозволат отворање на хуманитарен коридор.

„Украинските сили во Азовстал водат тешки, крвави битки против Русите“, изјави командантот на воената единица „Азов“, Денис Прокопенко.

Во видеопорака на Телеграм, Денис Прокопенко ги пофали своите војници поради „натчовечките напори“, со кои им даваат голем отпор на руските напади, додавајќи дека состојбата е „исклучително тешка“.

Украинските функционери претходно објавија дека Русите влегле во челичарницата, а претседателот Володимир Зеленски информира дека ќе продолжи со напорите за евакуација на цивили од овој индустриски објект.