Градот Њујорк го одобри предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на Соединетите Американски Држави, од Градското собрание каде што се наоѓаше повеќе од еден век, поради неговото минато како сопственик на робови.
Градскиот совет едногласно го усвои предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, кој е еден од авторите на Декларацијата за независност на Соединетите држави.
Џеферсон имал повеќе од 600 робови во заробеништво на неговата плантажа во Вирџинија, и со една од робинките имал и шест деца.
Отстранувањето на статуата од градското собрание веќе неколку години го бараат латино-американските како и афро-американските градски советници.
Се очекува статуата да биде преместена во салата на американското историското друштво во Њујорк.
На третиот американски претседател Томас Џеферсон му се препишуваат некои од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја – изјави афро-американскиот советник во Њујорк, Адриен Адамс.
Дебатата за присуството на оваа статуа во просториите на градското собрание во Њујорк ја обнови движењето „Црните животи се важни“, иницирано од насилната смрт на Афро-американецот Џорџ Флојд.
Во мај 2020 година, тој беше задавен од бел полицаец во Минеаполис со коленото притиснато до грлото.