Славниот режисер Квентин Тарантино открил дека во неговите филмови нема секс сцени бидејќи смета дека се непотребни.
Режисерот неодамна во интервју за шпанскиот весник „Diari ARA“ го открил својот начин на работа и изјавил дека речиси никогаш не вклучува голотија во своите проекти бидејќи, како што вели, тоа е проблематично.
„Вистина е дека во реалниот живот е мачно да се снимаат секс сцени. Сите се многу напнати. Иако тоа претходно беше помалку проблематично, сега е уште повеќе. Ако некогаш би било потребно да снимам секс сцена која е важна за приказната, би го направил тоа, но засега немало потреба“, навел Тарантино.

Иако Тарантино не снима секс сцени во неговите филмови, некои филмски ѕвезди како Бред Пит веќе го споменаа фактот дека тој би можел да има фетиш на стапала. Режисерот подоцна се бранеше, велејќи дека во многу добри филмови се прикажуваат стапала.
Инаку овој 60-годишен режисер во последно време често се појавува во медиумите бидејќи работи на својот 10-ти филм наречен „The Movie Critic“ кој би требало да биде објавен во 2024 година. Ова воедно би требало да биде и последниот филм на кој Квентин работел како режисер.