Швајцарија „ја преживеа“ Втората светска војна непокорена, но и без никакви штети. Оваа земја на Алпите опстана како слободна, демократска земја во Европа, додека Стариот континент и светот се тресеа под нацистичката чизма.
Швајцарците чувале милијарди долари во злато кои нацистите им ги одзеле на Евреите и жртвите на Холокаустот, но не треба да се заборави дека и покрај тоа, Хитлер за малку не наредил инвазија на Швајцарија.
„Швајцарија ги има најодвратните и најмизерни луѓе и политички систем“, му се пожалил Хитлер на Мусолини додека работел на операцијата „Таненбаум“ која предвидувала напад од правец на Германија, Австрија, Франција и Италија.
Планиран бил ненадеен напад упад од Женевското езеро до Констанц и брз крах на швајцарската одбрана со добро познатиот германски „Блицкриг“.
Сепак, Швајцарија својата неутралност ја штитела со оружје – швајцарските војници биле добро подготвени и вооружени, а во земјата од 4 милиони жители, дури 850 илјади луѓе биле дел од војската.
И денес многумина во Швајцарија тврдат дека токму поради тоа Хитлер не ја нападнал нивната земја, нагласувајчи дека планинскиот терен со бројни утврдувања значително би ги поматил плановите на Нацистите.
Сепак, јасно е како ден дека и покрај се, Германија лесно би ја окупирала Швајцарија. Тогаш, зошто не го сториле тоа? Тоа никој не може да го каже со сигурност, но голема е веројатноста дека причината е тоа што Швајцарија била корисен посредник помеѓу Нацистите и светската економија.
Можеби Хитлер сепак одлучил да не губи војници и техника на Алпите и силите да ги сконцентрира против СССР, но денес останува како факт дека Швајцарија успеала „неповредена“ да ја преброди Втората светска војна и денес е една од најбогатите земји на светот.