„Škoda Favorit“ во одлична состојба, која неодамна беше на аукција во Грција, ќе заврши во Чешка.
Автомобилот го купил Јири Мичанек, тркач и менаџер на тимот „Mičánek Motorsport powered by Buggyra“, пишува „Auto.cz“.
Минатата недела во Атина, преку интернет аукција, е продаден хечбек од 1993-та година, кој минал само 34 километри. Ова возило го привлекло вниманието на неколку заинтересирани купувачи од Чешка, што е разбирливо со оглед на потеклото на автомобилот.

Лицитацијата сопрела на неверојатни 24.000 евра, наведува „Revija HAK“.
Тоа што го навело Јири Мичанек да ја купи оваа „Škoda Favorit“ е – носталгијата.
Има убави сеќавања на првиот сериски модел на автомобилската марка со преден мотор и погон на предните тркала, кој во времето кога бил дете бил семеен автомобил.


