Зошто државата Њујорк забрани рударење биткоини?

Рано утринава пратениците во парламентот на американската сојузна држава Њујорк гласаа за забрана на нови операции за ископување биткоини, јавува CNBC.

Овој акт е испратен до гувернерката Кејти Хочул, која може да го потпише за да има сила на закон или може да стави вето.

Реклама

Ако го потпише документот, Њујорк ќе стане првата земја во САД што ќе ја забрани блокчејн технолошката инфраструктура, вели Периан Боринг, основач и претседател на Комората за дигитална трговија.

Упатените од оваа индустрија, исто така, изјавија за CNBC дека ова може да има домино ефект низ Соединетите Американски Држави, кои моментално се во првите редови на глобалната индустрија за ископување биткоин со удел од 38 отсто од глобалните учесници во крипто рударењето.

Њујоршкиот закон, за кој претходно се расправаше во Собранието кон крајот на април пред да биде доставен до Сенатот, бара двегодишен мораториум на одредени операции за ископување криптовалути кои користат методи за автентикација за да ги потврдат трансакциите со блокчејн. “Proof-of-work” рударењето, кое бара софистицирана опрема и многу електрична енергија, се користи за создавање на биткоин.

Итириумот ќе се префрли на помалку енергетски интензивен процес, но ќе го користи овој метод на автентикација барем уште неколку месеци, наведуваат американските медиуми.

Реклама