Златко Перински нов в.д. директор на „Водовод и канализација“

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски.

Google search engine

Од Град Скопје информираа дека Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија.