Златан покажа како страдал шест месеци: Вака го празнев коленото секоја недела!

Златан Ибрахимовиќ им покажа на навивачите на Милан на сликовит начин низ што поминувал во последните шесет месеци за да може да игра и да помогне „росонерите“ да го освојат скудетото.

40-годишниот Швеѓанец е во аут седум-осум месеци откако реши да оди на операција на лигаментите во левото колено, но не потврдува дека се повлекува од фудбалот, туку покажа што точно правел за да може да продолжи да игра.

Google search engine

„Го празнев коленото еднаш неделно шест месеци“, напиша Златан на Инстаграм со видео во кое се прави „аспирација“ на зглобот, со што се намалува отокот и се прави проценка на повредата на зглобот.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -