Животот на Земјата се менува од корен: Фејсбук го префрла човештвото во вештачки свет, но по која цена?

Марк Закерберг неодамна најави нешто што беше незамисливо – дека Фејсбук ќе го промени името и наскоро ќе се вика Мета.

Според најавите, „Мета“, односно „Метаверс“ ќе претставува револуција во функционирањето на социјалните мрежи, каде што корисниците со помош на виртуелна реалност ќе можат да се префрлат во вештачки свет и да вршат разни секојдневни активности.

Google search engine

Ова подразбира играње игри со пријателите, со луѓе од другиот крај на светот или со анимирани ликови, разговор во кафуле, вежбање во теретана и слично. За тоа ви е потребен VR сет, очила кои веќе постојат и ве пренесуваат во виртуелна реалност.

@metaverse.io

Work from anywhere. #meta #metaverse

♬ original sound – Meta

Станува збор за следен чекор во развојот на вештачката интелигенција и уште поголемо „давење“ во сферата на интернетот. Во секој случај, можноста пореално да комуницирате со луѓе е многу примамлива и, судејќи по рекламните спотови, изгледа моќно.

Јавноста засега со голема доза на скептицизам гледа на „Метаверс“ на Закерберг, а многумина веруваат дека е направен за да се прикријат низата скандали кои значително ја намалија довербата во неговиот Фејсбук (разни злоупотреби на кориснички податоци, во политички кампањи и со цел за енормна заработка).

@metaverse.io

Play from anywhere and with anyone across the world. #metaverse #meta #gaming

♬ original sound – Meta

Не е сè уште познато дали оваа услуга ќе се наплаќа, дали корисниците ќе бидат „бомбардирани“ со реклами и каков е планот што се однесува на заштитата на приватноста. Освен тоа, како веќе да нема доволно зависници од интернет и Фејсбук… Постои реална опасност милиони луѓе да се изгубат во нацртаната реалност.

@metaverse.io

Attending concerts, afterparties and buying Digital merchandise all from the convience of your home. #meta #metaverse #nft

♬ original sound – Meta

Од друга страна, неминовен е новиот чекор кон уште пореален виртуелен свет и некако е логично токму Марк Закерберг да биде пионер во тој домен. Дали тоа ќе биде позитивен чекор напред или само уште еден начин да се достигнат нови милијарди долари? Времето ќе покаже.