Изминатите денови една од главните ѕвезди на модната недела во Париз била руската манекенка Наталија Водјанова.
Наталија иако во пензија, повторно прошетала на ревијата во брендот „Balmain“. Сепак, во Париз претежно уживала во бројните ревии од публиката, а посетила и неколку луксузни париски забави. Така во саботата се појавила во луксузен ресторан во друштво на Наоми Кемпбел.
View this post on Instagram
Животната приказна на оваа 39-годишна девојка често ја нарекуваат модерна бајка, со оглед на тоа што пораснала во тешка беда и сиромаштија, опкружена со болести, за во тинејџерските години нејзиниот живот да се смени од корен.
Детството го поминала работејќи на пазар, а таму ја забележал моден агент кој ја вовел во светот на модата, па низ годините ѝ овозможил добар живот за кој тогаш можела само да сонува.
Наталија така на само 17 години се нашла во Париз, а веќе на 20 години на банкарската сметка имала 20 милиони долари.
Титулата една од најплатените манекенки на светот ја вовела во светот на богатите и аристократите, меѓу кои го запознала својот прв сопруг Џастин Портман, со кој има три деца.
Нивниот брак траел девет години, а Џастин во едно интервју открил дека по раскинувањето морал да побара стручна помош поради нервен слом кој го доживеал поради раскинувањето.
Наталија продолжила понатаму со животот, а набрзо по разводот повторно ја пронашла среќата во љубовта. Таа во 2011 година се заљубила во милијардерот Антоан Арно за кој се венчала минатата година, а чие богатство се проценува на 84 милијарди долари.