Животот на правнука на Џон Пол Гети, наследничката која ужива во богатството на најбогатиот човек во историјата: Мистериозно самоубиство и киднапирање

Ајви Гети е правнука на Џон Пол Гети, некогаш најбогатиот човек на светот. Приказната за нејзиното семјество отсекогаш ја интригирала јавноста.

Правнуката на Џон Пол Гети, 26-годишната Ајви Гети, застанала пред олтар пред неколку денови со своето долгогодишно момче, фотографот Тобиас Алејсандер Енџел. Фотографиите од венчавката таа ги објави на својот Инстаграм профил, а церемонијата била одржана во Градската општина во Сан Франциско.

Tobias Engel's fortune: oiler Ivy Getty marries photographers in an  elaborate wedding. - Clean Bowled

Ајви пред олтарот застанала една година по трагичната смрт на својот татко, Џон Гилберт Гети, кој починал во декември минатата година на 53-годишна возраст. Само неколку месеци пред да почине нејзиниот татко музичар, починала и нејзината баба Ен, инаку филантропка и издавач. Имала 79 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOWN&COUNTRY (@townandcountrymag)

„Неверојатно ми е тешко што покрај мене не се повеќе најважните луѓе во мојот живот, мојот татко и баба ми“, изјавила Ајви за „Vogue“. Таа додала и дека благодарение на визијата на венчавката која ја имал Џон Галијано можела нивната присутност да ја почувствува во просторијата. Инаку, Џон Галијано ја облекувал и нејзината баба која го обожувала.

„Таа ми беше како мајка, а по нејзината смрт се поврзав со Џон. Сакав тој да ми ја смисли венчаницата за мојот голем ден“, изјавила Ајви.

Џон Пол Гети бил најбогатиот човек на светот

Главата на фамилијата Гети и најбогатиот човек на светот во тоа време бил Џон Пол Гети. Тој ја основал нафтената компанија „Getty Oil“ во 1942 година, а во 1957 година магазинот „Forbes“ го прогласил за најбогат Американец.

Исто така и Гинисовата книга на рекорди во 1966 година проценила дека токму Гети е најбогатиот човек на светот. Кога починал бил „тежок“ шест милијарди долари што според денешната вредност е речиси 21 милијарда.

Гети имал пет деца и пет пати се венчал. Бил голем вљубеник во уметноста. Се зборувал дека секогаш бил подготвен да „скокне“ во кревет со било која жена, а ретко одбивал љубовници.

Киднапирање и мистериозна смрт во семејството Гети

Медиумите будно го следеле животот на неговиот внук Џон Гилберт Гети. Тој бил пронајден мртов во луксузна хотелска соба во Сан Антонио. На неговото тело немало траги на злосторство, а во хотелот во кој починал престојувал три седмици.

Асистентот на полицијата открил дека Гети престојувал во хотелот поради тоа што бил во процес на селење од Калифорнија во Сан Антонио и дека последната порака ја испратил еден ден пред својата смрт во околу 17 часот.

На јавноста ѝ е позната и трагичната приказна за братучедот на Џон, Пол Гети III кој во 1973 година го киднапирала италијанската мафија кога имал само 16 години.

Неговиот дедо милијардер тогаш одбил да му плати на киднаперот 2,2, милиони долари, а се согласил на тоа кога му бил испратен дел од отсеченото уво од неговиот внук.