Жител на Лас Вегас освои милион долари на првата лотарија за вакцинирани во САД

Еден човек од околината на Лас Вегас освоил голема награда од милион долари во рамките на џек пот програмата за вакцинација против коронавирусот, јавува “AP”.

Гувернерот на Невада, Стив Сисолак, го креирал програмот со цел да поттикне вакцинација против ковид-19.

Реклама

Името на добитникот на наградата е објавено на настан во живо, кој го организиран гувернерот во конгресниот центар во Лас Вегас.

Програмата со име “Денови на вакцинација во Невада”, е започната на 17-ти јуни со пет милиони долари средства од сојузните фондови за пружање на помош во борбата против коронавирусот.

Државните здравствени податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани жители во таа држава се зголемил за околу 10 проценти од моментот на објавувањето на наградниот фонд од средината на јуни до неговото завршување вчера.

Реклама