По шокантниот старт и поразот од Саудиска Арабија, Аргентина забележа две рутински победи против Мексико и Полска и со тоа обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар, како првопласирана во групата.
Навивачите на Аргентина, кои важат за невидени фудбалски фанатици, ја прославија одличната игра на Меси и екипата ширум земјата.
Една жестока навивачка сепак отишла чекор понатаму. По победата над Мексико во второто коло од групната фаза, таа во преполн паб го соблекла дресот и гордо ги покажа своите бујни гради на големо воодушевување на сите присутни.
Видеото од оваа луда прослава стана вистински хит на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат што е подготвена да направи доколку Гаучосите ја освојат светската титула.