Жесток удар за Џо Бајден, 11 држави слават победа, Апалациониот суд контра Белата куќа

Според планот на Џо Бајден, за персоналот на компаниите со 100 или повеќе вработени треба да има задолжителна вакцина против Ковид 19 или да се тестираат еднаш неделно.

Сепак, Федералниот апелационен суд на САД ја суспендираше наредбата издадена од администрацијата на Бајден за вакцинирање на вработените во американските компании со 100 или повеќе работници против коронавирус или да се тестираат секоја недела.

Google search engine

Во својата одлука, судот наведе „сериозни статутарни и уставни“ прашања што го придружуваат тој услов.

Апелациониот суд од петтиот округ во САД нареди суспензија на примената на правилата за задолжителна вакцинација на вработените во големите компании против ковида 19, се наведува во одлуката на судот.

Единаесет американски држави претходно поднесоа тужба против наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека десетици милиони луѓе во компании со 100 или повеќе вработени кои имаат деловни договори со федералните власти мора да се вакцинираат против корона вирусот или да се тестираат на неделно ниво.

Новото правило требаше да стапи на сила на 4 јануари.

Апелациониот суд денес нареди суспензија на примената на ова правило, повикувајќи се на „сериозни законодавни и уставни прашања“.

На тој начин се прекинува примената на правилото до натамошна судска одлука по тоа прашање – се наведува во судската одлука објавена на неговиот Твитер профил од главниот обвинител на државата Тексас, кој меѓу другото се спротивстави задолжителната вакцинација.