Група жени биле уапсени во Дубаи и обвинети за јавен разврат бидејќи се фотографирале голи.
На видео снимката објавена во саботата се гледа групи голи жени кои се фотографираат на тераса.
Во притвор се 11 Украинки, потврдиле за “BBC” од конзулатот на таа држава во Дубаи.
Приведен е и еден руски државјанин, пренесуваат московските медиуми.

Казната за јавен разврат во Дубаи е до шест месеци затвор и 1.150 евра.
Многу прописи во ОАЕ се засновани на шеријатскиот закон.
Во минатото имало случаи на апсења на луѓе поради разменување на нежности на јавно место, како и поради хомосексуални врски.

Жените се фотографирале на тераса од зграда која се наоѓа во Марина округот во Дубаи, пишува “Daily Mail“.
Од украинскиот конзулат велат дека ќе ги посетат жените во затвор во вторникот.
Претходно руските медиуми пренеле дека се уапсени осум Русинки и дека се во притвор, но новинската агенција “RIA” пренела дека е уапсен и Русин кој го организирал фотографирањето.

Тој ќе биде казнет со 18 месеци затвор.
Полицијата на Дубаи предупредила дека секој што ќе објави порнографски материјал или било каков материјал што може да му наштети на јавниот морал ќе се соочи со парична и затворска казна.
“Таквото неприфатливо однесување не ги одразува вредностите на Емиратското општество”, пишува во соопштението на полицијата.

Секој што живее или е во посета на ОАЕ мора да ги почитува локалните закони, а тоа важи и за туристите.
Имало неколку случаи на апсење на туристи во текот на одмори во Дубаи. Една Британка која таму летувала во 2017-та била осудена на една година затвор поради сексуален однос без да биде омажена.

