Жените потврдија: Мажите со оваа карактеристика се подобри во сексот од оние кои не ја поседуваат

Многу фактори влијаат на тоа каков љубовник ќе биде мажот и дали интимниот однос со него ќе биде добар или лош.

Според студијата која ја објавил „Socioaffective Neuroscience & Psychology“ една доблест укажува на тоа дали мажот би можел да биде добар љубовник.

Google search engine

Експертите го истражувале сексуалното минато на жените и се обиделе да дознаат со какви партнери имале најдобар сексуален однос и редовно доживувале задоволство.

Во истражувањето учествувале жени до 69 години кои не биле во врска или брак затоа што експертите сметале дека жените во врска би чувствувале обврска да дадат подобра оцена за нивниот моментален партнер, па дури и доколку реално не го заслужува тоа.

Испитаниците во 70-минутен тест одговарале на разни прашања за нивниот сексуален живот, а врз основа на нивниот одговор истражувачите дошле до заклучок дека најдобар сексуален однос имале со – духовити мажи.

Смислата за хумор се докажала како значаен показател за сексуални вештини затоа што укажува на тоа дека мажот е опуштен во разни ситуации, па така и оние интимните што е важно за добра комуникација меѓу партнерите и добар секс.

Меѓу другите квалитети се нашла и креативноста. Мажите кои се креативни на другите животни подрачја својата креативност полесно ја искажуваат и во кревет.

Мажите со овие квалитети покажале и поголем интерес за сексуално задоволство на своите партнерки од мажите кои не ги поседуваат истите.

 

 

ПретходнаД-р Беќаровски: „Зошто се крева толкава прашина и влева страв? Омикрон е со многу послаби симптоми…“
СледнаСо своите улоги ја засмејуваше цела Југославија, а криел голема тага: Еве како од сираче Гидра влегол во светот на филмот