40-годишната Африканка ги изненади социјалните мрежи со својата семејна приказна. Има 44 деца и тоа со еден сопруг. За биде поголема куриозитетот, оваа храбра жена своите деца ги воспитува како самохрана мајка.
Маријам Набатанзи од рурална Уганда моментално го држи рекордот како жена со најмногу деца која ги има родено една жена. На 40-годишна возраст таа има родено 44 деца во 15 раѓања, од кои 38 го преживеале детството и се живи и денес. Се омажила на 12 години, а почнала да се пораѓа на 13 години. Таа беше во брак со сопругот повеќе од 20 години, а потоа тој ја остави
Таа во моментов се бори да преживее во тешки финансиски услови како самохрана мајка. Сепак, и покрај тешкото секојдневие и сите искушенија со кои се соочи оваа храбра жена, таа сепак е оптимист. Во бракот доживеала многу непријатности и насилство од поранешниот сопруг, па признава дека моментот на неговото напуштање на семејството бил добредојден. Сега живее мирно и затскриено со своите деца во родното Касаво. Нејзиниот единствен предизвик е да ги нахрани децата, да плати школарина, лекови кога некој од нив ќе се разболи и да ја одржува општата семејна благосостојба.
Самохраната мајка моментално е оставена сама да се грижи за 38 деца – бидејќи шест од нив за жал не преживеале. Еден хумана Арап обезбедил кревети на спрат за децата, но мајката Маријам како најголем успех го нагласува фактот дека успеала да ги запише сите деца на училиште. Со насмевка на лицето, оваа силна жена откри дека лекарите и рекле дека е многу плодна и дека тоа придонело за нејзиниот голем „бејби бум“.
Интересно е што само еднаш родила едно дете, сите останати биле близнаци, тројки и четворки. „Мама Уганда“ како што се уште ја нарекуваат, родила 22 момчиња и 16 девојчиња кои се уште се живи. Нејзините вкупно 44 породи биле близнаци 4 пати, тројки 5 пати и четворки пет пати, и само уште едно раѓање на само едно дете при породување.