Жена од Србија стана хит на интернет со нејзината реакција откако „пајак“ ѝ го зеде автомобилот

Ако некогаш „пајак“ ви го зел автомобилот, тогаш веројатно многу добро знаете колку стрес и нервоза може да предизвика.

Ретко кој возач мирно ја прифаќа веста дека „пајакот“ му го зел автомобилот, и згора на тоа, се соочува со висока казна, но оваа жена од српскиот град Шабац направи нешто што ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Таа дојде по својот автомобил во сосема неочекувано издание.

Google search engine

Видео од моментот кога опуштено доаѓа по својот автомобил во бањарка, со чаша вино во раката стана вирален хит.

Видеото беше проследено со позитивни коментари од корисниците. Таа доби многу комплименти за нејзината неверојатно симпатична реакција: „Права госпоѓа“, „Ова се вика дама“, „Ова значи да се има стил“, „Вистинска дама“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)