Жена која одбележа едно време – Југославија: Имала ангелски глас и убавина, а нејзината смрт луѓето и денес ја оплакуваат

Ѓурѓица Барловиќ е незаборавната прва пејачка на „Нови фосили“, а со својот ангелски глас, сензибилитет и појава одбележала едно време.

Таа била една од најхаризматичните жени на поранешна Југославија, а првиот настап го имала на само 13 години на детски фестивал.

Нејзиниот прв забележан настап бил во белградска забавна емисија „Образ уз образ“ во 1974 година кога настапила со песната „Кад би био само мој“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dušan M. Stojanvić (@bojni_vojvoda)

Иако се запишала во средно градежно училиште, таа знаела дека музиката е тоа нешто со кое ќе се занимава.

„Ги спакував куферите и им реков на родителите дека одам. Да знаев што ме чека сигурно никогаш не би мрднала од Сплит“, изјавила таа во некое интервју.

„Нови фосили“ и место меѓу ѕвездите

Најголемата слава ја стекнала како пејачка во „Нови фосили“. Во далечната 1977 година на Сплитскиот фестивал воодушевила со песната „Диридонда“, а наредната година ја издале првата плоча „Да те не волим“.

Две години подоцна го издале албумот „Недовршене приче“, а во 1981 година ги отпеала култните песни „Саша“, „Плава кошуља“, „Хочу ли знати“, „Тонка“

По 1982 година го издале и албумот „За дјецу и одрасле“, а Ѓурѓица ги напуштила „Нови фосили“ со желба да го среди својот приватен живот.

 

На нејзиното место во 1983 година дошла Сања Долежал, а во 1984 година Ѓурѓица го објавила својот прв самостоен албум и со тоа ја започнала соло кариерата.

Ѓурѓица замина од нас кога сакаше да го среди својот семеен живот, затоа што ние работевме со урнебесно темпо. Нејзе семејството ѝ беше поважно од нас, поважно од било каков настап или пари. Таа беше родена за мајка, сопруга, и повторно, од друга страна исто така беше врвна пејачка – и тоа каква! Никогаш поради неа не откажавме концерт, никогаш не ѝ откажа гласот“, раскажал Рајко Дујмиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka M collectibles (@lukamariani1)

Приватен живот и смрт

Таа се венчала за стоматологот Брац со кој ги добила синовите Хрвоје и Борна. А, поради тоа што не можела без музиката, Ѓурѓица на Сплитскиот фестивал во 1982 година настапила бремена.

Во својата соло кариера издала четири албуми.

Починала како последица на акутен инфаркт на срцето на 26 август 1992 година во 18 часот на Интерното одделение во болницата во Задар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dario Liker (@dario.liker)

„Беше здрава. Затоа нејзиното прерано заминување ме изненади. Тој ден кога почина, верувале или не, сите часовници во мојот стан запреа. Подоцна ја слушнав тажната вест“, своевремено изјавил членот на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ.