Во телевизиско обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека „непријателот“ лично го означил него како „цел бр. 1“ и дека „цел бр. 2“ е неговото семејство.
Во својот драматичен говор тој изрази и разочарување од Западот.
“Останавме сами. Никој не сака за нас да војува. Не не примаат во НАТО, се плашат да ни дадат безбедносни гаранции”, рече тој.
Тој исто така тврдеше дека, според неговите информации, во Киев се појавиле „групи руски саботери“, оперативци чија цел е „политички да ја уништат Украина со уништување на нејзиниот претседател“.
“Но, немам намера да си одам, останувам во зградата на Владата заедно со другите. Моето семејство е исто така во Украина”, рече тој, повикувајќи ги граѓаните да го почитуваат полицискиот час.
Претседателот Зеленски објави дека од почетокот на руската инвазија загинале најмалку 137 лица.