Зеленски речиси секогаш се појавува во јавноста во оваа облека: Брендот кој до вчера беше непознат денес вреди 150 милиони евра

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најчесто се појавува во јавноста во маслинестозелена боја, симболиката е јасна, а еве кој бренд е задолжен за неговата гардероба.

Зеленски ја носи препознатливата облека од почетокот на руското-украинска војна, а од неа речиси не отстапува ниту во текот на средбите со службениците од другите земји.

Google search engine

Станува збор за облека на украинскиот бренд „M-TAC“, кој произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје и воена и тактичка облека и опрема. Моделите на овој бренд ги носи и врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, како и огромен број војници и цивили во Украина.

За врската помеѓу Зеленски и споменатиот бренд пишуваше и магазинот „Forbes“ пред неколку дена.

Поради војната во Украина се уништени бројни мали и средни претпријатија, но тоа не е случај со „M-TAC“ чија продажба од февруари 2022 до денес тројно се зголемила. Производството во Киев се проширило, а започнала со работа и фабриката во Лавов и се вработени уште 750 кројачки.

Финансиските експерти прогнозираат дека годишниот приход на брендот би требало да изнесува околу 150 милиони евра.

„M-TAC“ го основал Александар Карасев од Киев во 90-те години, кој инаку е вљубеник во „airsoft“ односно воена симулација за што во тоа време не можело да се пронајде опрема во Украина. Своето хоби го претворил во бизнис, во што му се придружила партнерката Наталија Коржењук, па заедно отвориле продавница за „airsoft“ опрема во главниот град. До 2014 година, имале уште 6 други продавници.