Украинскиот претседател за прв пат се појави во руските медиуми од почетокот на инвазијата на Кремљ.
Украина сериозно ја разгледува можноста за неутралност, изјавија украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју кое преку Зум го имаше со главниот уредник на порталот Медуза, Иван Колпаков, писателот Михаил Зигар, главниот уредник на ТВ каналот Дожд, Тихон Джјадко и дописникот на Комерсант, Владимир Соловев .
Еве само неколку извадоци од интервјуто, преземени од порталот Медуза. Интервјуто траеше околу 90 минути (веќе го има на YouTube).
«Это не просто война. Все гораздо хуже» Интервью Владимира Зеленского Ивану Колпакову, Михаилу Зыгарю, Тихону Дзядко и Владимиру Соловьеву из «Коммерсанта» — Meduza https://t.co/BmnErc4W3Y via @meduzaproject
— Kai Feller 🇺🇦 (@FellerKai) March 27, 2022
Ова е прво интервју на претседателот Зеленски за руските медиуми од почетокот на руската инвазија на Украина.
Зеленски, очигледно, процени дека е корисно својата согласност со барањето на Москва за неутралност на Украина “како Австрија или Шведска” да ја изкаже на руски јазик во интервју за руските медиуми, за тоа полесно да се допре до руското јавно мислење.
Запрашан дали главната цел на нападот врз Украина беше да се отстрани самиот Зеленски (како што означуваат буквите Z и V на руските тенкови и другите борбени возила), Зеленски рече:
Слушнав многу различни размислувања дека мојата елиминација е планирана…Сигурно имало неколку обиди – од различни луѓе.
Јас тоа го сфаќам многу смирено. Беа испратени некои групи луѓе, почнувајќи од политички… Ако зборуваме за мојата политичка елиминација, тоа беше групата на Медведчук, кумот на сегашниот руски поглавар.
Таа дестабилизација не им помина. Но, дојде до ескалација во нашата земја во плановите на оние политички групи за кои ви кажав, и во плановите на надворешните групи од Руската Федерација. Не знам што им беше кажано таму горе во Русија, но веројатно им рекоа дека ги чекаме овде – со цвеќиња и насмевки. Дека ситуацијата е многу лоша, дека актуелниот претседател нема поддршка, дека актуелната владејачка партија нема поддршка. Можно е тоа да им го кажале! Во тоа сум сигурен 99,9 отсто, вели Зеленски.
И кога видоа дека тоа не е така, секако смислија паралелен излез – се разбира, да ги неутрализираат што повеќе оние кои ќе можат да ја стабилизираат состојбата. А кога има војна, кој може да гарантира стабилност? Само претседателот – затоа што е вонредна состојба. Врз основа на авторитет, врз основа на важечкото законодавство на независна Украина.
Тогаш, вели Зеленски, Кремљ одлучи дека смената на претседателот ќе и ја предаде Украина на Русија.