Зеленски: Денеска ќе дознаеме кој ни е пријател и партнер, а кој нè издал за пари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање ги предупреди западните лидери кои денеска ќе се сретнат во Брисел дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.

„Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека тие работат со некои партнери“, рече Зеленски пред самитот на Г7, НАТО и Европската унија денеска во Брисел.

Google search engine

„ Нашиот цврст став ќе биде претставен на сите три самити. На овие три самити ќе видиме кој е пријател, кој е партнер, а кој не предаде за пари“ рече Зеленски.

Околу 40% од Европа се снабдува со руски гас, пишува Би-Би-Си. Европските лидери бараат алтернативни извори на енергија додека воведуваат санкции кон Москва.

Зеленски ќе се обрати на самитот на НАТО преку видео врска и се очекува да бара понапредно оружје, вклучувајќи авион и противвоздушен систем.

Бајден, кој исто така е во Брисел, се очекува денеска да објави нови санкции против Русија.

- АУДИО РЕКЛАМА -