Заврши изградбата на најтенкиот облакодер во Њујорк – се наоѓа на „улица на милијардерите“

Во Њујорк е изграден облакодер во т.н. „улица на милијардерите“ во центарот на Менхетен.

Неговите творци „SHoP Architects“ срушиле два рекорди одеднаш – 111 West станал втората највисока зграда во западната хемисфера (435 метри) и најтенкиот облакодер на светот (однос висина – ширина на зградата е 24:1).

Google search engine

Облакодерот започнал да се гради уште во 2013 година, но по четири години градењето запрело поради финансиски причини. Сега кулата е подготвена за вселување – таму ќе се вселат најбогатите станари, па на секој кат од зградата има по само еден стан.

„Неверојатно сме задоволни што можеме да креираме уште еден значаен проект кој стана дел од визуелната панорама на нашиот град Њујорк“, коментирал претставник од архитектонското студио.

Секако, зградата во основа не е ултра-тесна: нејзината структура постепено се стеснува, а на самиот врв од зградата ширината достигнува само неколку метри.

Станбениот комплекс се покажал како исклучителен не само поради својата архитектура туку и поради удобноста. Така на пример, идните станари на располагање ќе имаат и фитнес клуб со базен и тераса, како и други услуги.