Заврши драмата во Хрватска: Маж држел жена и се заканувал со бомба

Мажот кој со часови држеше жена во стан во местото Кнежево и се закануваше со бомба, заврши рано утрово без жртви, јавуваат хрватските медиуми.

„Лицето е следено, уапсено е, во тек е кривична истрага, немаме повредени“, соопштија од локалната полиција, пренесува „Индекс“.

Google search engine

Градоначалникот на општина Кнежево, Зоран Конта изјави дека полицијата преговарала со мажот и дека тој доброволно се предал синоќа во 02:40 часот.

Заложничката криза била пријавена во неделата во 17:56 часот, а на терен биле сите служби за итна помош, вклучително и преговарачи, припадници на специјалната полиција и итната медицинска помош.

Мажот со часови ја држел жената во станот, заканувајќи се дека ќе активира експлозивна направа, поради што сите соседи биле евакуирани.