Кубанскиот центар за генетски инженеринг и биотехнологија (CIGBC), по завршената последна фаза од испитувањата, објави дека три дози од нивната вакцина „Абдала“ против коронавирусот имаат ефикасност од 92,28 отсто.
Оваа информација официјално ја објавија од „CIGBC“ на нивниот Твитер профил, а со воодушевување ја споделиле и многу од функционерите на Куба.

Резултатите за ефикасноста на вакцината пристигнале само неколку денови откако кубанската влада објави дека завршено било тестирањето на уште една нивна домашна вакцина – „Соберана 2“, која е ефикасна 62 отсто и тоа при вбризгување на само две од три дози, како што е планирано.
#Abdala | Alcanza 92.28% de eficiencia con su esquema de 3 dosis y se convierte en el segundo de los #CandidatosVacunalesCubanos que alcanza los requisitos exigidos por la @WHO pic.twitter.com/2xk7uT6pxQ
— CIGBCuba (@CIGBCuba) June 21, 2021
Се очекува дека локалните регулаторни тела наскоро ќе ги одобрат и двете вакцини за користење.
Куба, чиј биотехнолошки центар со децении извезува вакцини има пет кандидати кога станува збор за имунизација против коронавирусот.
Тие одлучиле да не увезуваат странски вакцини туку да ги користат нивните и поради тоа како недостаток на вакцини во еден период епидемиолошката ситуација во таа земја беше критична.
Неколку земји, како Аргентина, Јамајка, Мексико, Виетнам и Венецуела веќе изразиле интерес за купување на кубанската вакцина, а Иран започнал да произведува „Соберена 2“ на почетокот на оваа година во состав на подоцнежната фаза на клиничките испитувања.