Застрашувачката состојба на Ѓоковиќ не ветува ништо добро!

Новак Ѓоковиќ лут како ретко кога ја напушти прес-салата по новиот неочекуван пораз кој го претрпе од Ник Кирјос во четвртфиналето на турнирот во Акапулко, но наспроти скромните резултати кои ги остварува по освојувањето на Ролан Гарос минатата година, она што посебно ги загрижува неговите фанови и српските медиуми е начинот на исхрана кој и натаму го форсира доскорешниот светски рекет број еден.

Ѓоковиќ во многу поголем размер ја практикува веганската диета која смета дека е правилна за неговиот начин на живот и неговото здравје, но денеска српските медиуми објавија две шокантни фотографии кои најдобро нѝ докажуваат колку многу има ослабено Србинот во споредба со 2015-тата година. Она што е загрижувачки е тоа што се гледа дека Ноле ја има загубено и мускулната маса која беше одлика за него, а дел од српските медиуми сметаат дека ако продолжи со овој режим, нема уште долго да може да одговори на професионалните и исцрпувачки залагања кои ги бара тенисот.

Google search engine