Запрете ја кашлицата во рекордно време

Ова е еден од најстарите народни лекови, кој нашите мајки секогаш ни го давале кога се разболуваме и имаме проблем со постојано кашлање и не треба да се заборави бидејќи делува многу брзо и помага во овие ситуации.

Шеќер, млеко и маст

Google search engine

Во лимено лонче карамелизирајте 2 лажички шеќер, а потоа додека се врие додадете млеко и мешајте додека шеќерот не се растопи. Кога ќе го сипате во шолја, додадете една лажичка маст (најдобро свинска) и пијте го млако. Вкусот не е лош, ако се додаде свинска маст.

Млеко, маст и мед

Млекото се загрева до вриење, а потоа се додава маст. Кога напитокот ќе се олади, додадете една лажица мед и испијте го пред спиење. Доколку чувствувате треска, најдобро е убаво да се завиткате во ќебе и да заспиете веднаш по оваа напивка.

Шеќер, млеко и едно гранче жалфија

Шеќерот се карамелизира, па се додава млекото. Додека млекото сè уште врие, во него се става гранче жалфија и по неколку минути се вади од ринглата, се процедува и се пие додека напивката е уште топла.