„Запомнете ги моите зборови!“ Илон Маск објасни зошто би можело да дојде до пропаѓање на човештвото

Претприемачот Илон Маск ги повика сите оние кои веруваат дека нашата планета е пренаселена, повторно да размислат за тоа.

Депопулацијата, а не пренаселеноста, ќе биде причина за пропаѓање на човештвото, смета генералниот директор на компанијата „Tesla“.

Google search engine

Светската популација се приближува кон бројот 8 милијарди луѓе, но Маск верува дека сè уште на планетата Земја нема доволно луѓе.

„Мислам дека еден од најголемите ризици за цивилизацијата е ниската стапка на наталитет и брзо опаѓачкиот наталитет“, изјавил извршниот директор на „Tesla“ и „Space Х“.

„Толку луѓе, вклучувајќи ги и високо образованите, мислат дека има премногу луѓе на светот и дека бројот на населението расте надвор од контрола“, изјавил Маск и додал дека ситуацијата е „целосно спротивна“.

„Доколку луѓето немаат повеќе деца, цивилизацијата ќе се распадне, запомнете ги моите зборови“, предвидел милијардерот.

Податоците од Светската банка покажуваат дека глобалната стапка на наталитет е во пад од 1963 година, со благо „закрепнување“ во текот на 1980-те години.

Маск исто така изјавил дека не му се допаѓа идејата за супер друг живот, а особено идејата за бесмртност. Тоа би довело до стагнација поради тоа што не би се дозволило новите идеи да напредуваат, смета тој.

„Доколку би живееле засекогаш, би можеле да станеме многу непроменливо општество во кое новите идеи не би можеле да успеат“, изјавил Маск.

- АУДИО РЕКЛАМА -