Запленета е суперјахтата на поранешниот шпион на КГБ-на која неодамна на втор “меден месец” беа Џенифер Лопез и Бен Афлек (фото)

Јахтата на поранешен шпион на КГБ е запленета од шпанската влада. Станува збор за суперјахта од 120 милиони фунти , а запленета е поради руската инвазија на Украина. Така, во Барселона привремено беше запленета јахтата Валери во сопственост на Сергеј Чемезов, која минатото лето ја користеа познатиот актер Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез за романтично уживање.

Двојката го прослави 52-от роденден на Џенифер на таа јахта во Сент Тропе во јули минатата година, а сега луксузниот брод е запленет до понатамошно известување. „Денес запленивме, јахта што му припаѓа на еден од главните руски олигарси. Станува збор за јахта проценета на 140 милиони долари“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез, додавајќи дека ќе има „уштетакви заплени“, пренесува The Sun.

Google search engine

Според странските медиуми, јахтата се наоѓа во Барселона од 9 февруари, каде била на поправка. Ќе остане конфискувана додека шпанските власти не ја потврдат сопственоста и не утврдат дали е на списокот со санкции, изјави извор од шпанската влада.

Да потсетиме, Западот воведе санкции за руските олигарси по инвазијата на Украина, а нивната цел е да ја разнишаат економијата на Путин и со тоа да го принудат да ја запре инвазијата и да го врати мирот. Ова доведе до тоа голем број руски олигарси сега да го преселат својот имот, вклучувајќи ги и јахтите.

Така на пример, на рускиот олигарх Андреј Игоревич Мелниченко,  кој е сопственик на најголемата јахта за едрење во светот, неодамна во Трст италијанските власти му ја запленија јахтата вредна 450 милиони фунти. Роман Абрамович , сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, исто така е на списокот на санкционирани олигарси, неговиот имот е замрзнат, а бизнисот во Велика Британија е блокиран. Неговата јахта деновиве е забележана во Црна Гора.