Западот во страв: Светот има залихи на пченица за само десет недели!

Русија и Украина сочинуваат околу една четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува да ги искористи залихите со храна како оружје.

Светот има залихи на пченица за само десет недели, како резултат на руската инвазија на Украина, која ја прекина испораката од главната „житница“ во Европа. ОН предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи залихите се „погодени од феноменот на една генерација“.

Google search engine

Официјалните проценки наведуваат дека залихите на пченица во светот се на 33 отсто од годишната потрошувачка, но сега можеби паднале на 20 отсто, покажуваат податоците на компанијата Gro Intelligence, која ги анализира земјоделските податоци, пишува Телеграф.