Руската новинарка и фотограф, Марија Пасер со својот дрон и фотографски објектив го посети полунапуштениот и „замрзнат“ Северни.
Порано во ова мало населено место живееле работниците во рудникот за јаглен кој се наоѓал во близина, а според податоците на руските власти, во Северни живееле десетина илјади жители. Местото е на 11 километри од озлогласениот град Воркута во кој некогаш се наоѓал озлогласениот гулаг на Сталин.
Местото денеска изгледа како да е замрзнато во 60-тите години од минатиот век, а во низата на напуштени згради, мразот и снегот ги замениле луѓето. Сепак, местото не е целосно напуштено, а на видеото може да се види како од оџаците на некои објекти излегува чад.
Северни останал речиси целосно празен откако во раните 2000-ти години започнале да се затвораат рудниците.
Како последица на тоа, невработеноста започнала да расте, а населението не се двоумело премногу за да го напушти едно од најстудените места на светот.