Заложничката драма во автобусот на “Ласта”: Што се случува со Србинот уапсен во Германија

Државјанинот на Србија кој вчера бил уапсен во Германија поради сомнение дека во автобусот на “Ласта” држел заложници, бил сослушан во текот на ноќта, потврдиле утрово од полицијата.

Засега не е познато што рекол на сослушувањето, како ни во каква психичка и физичка состојба се наоѓа.

Google search engine

Државјанинот на Србија бил уапсен по четиричасовна блокади на автопатот меѓу Хилполштајн и Грединг, бидејќи земал тројца возачи како заложници.

Претходно во автобусот, кој патувал кон Србија, дошло до тепачка во која полесно биле повредени маж и жена. Медиумите наведуваат дека поради судирот автобусот застанал, по што дошла дојава дека во возилото имало вооружен маж.

“Мажот во автобусот тврдел дека има пиштол дека има пиштол и дека ќе ги убие сите. Дошло и до физичка пресметка со неколку патници и двајца се полесно повредени”, соопштиле доцна вчера од полицијата, а пренесува “Telegraf”.

По сопирањето на возилото, патниците успеале да побегнат од автобусот, а внатре останале тројцата возачи и осомничениот. Полицијата потоа го блокирала автопатот и на самото место пратила специјални единици да преговараат со осомничениот. Медиумите пренесуваат дека преговорите биле тешко бидејќи никој од луѓето во автобусот не знаел германски.

Од полицијата утрово не сакале да потврдат дали уапсениот маж се товари за киднапирање. Навеле дека е извршен претрес во автобусот и дека во него не е пронајдено оружје. Портпаролот на полицијата навел дека осомничениот е уапсен вчера во околу 20:30, и дека при апсењето не пружал отпор.

Соопштиле дека во контакт со осомничениот стапиле преку телефонот на еден од возачите.

Потсетуваме, автобусот на “Ласта” вчера возел во насока на Минхен, од каде требало да го продолжи патот кон Србија. Според непотврдените информации, државјанинот на Србија, кој е уапсен, влегол во автобусот во Франкфурт. Полицијата не го соопштила идентитетот на напаѓачот, а агенциите пренеле дека станува збор маж со иницијали Ф.К.