Захарова: Сочувство за Брисел

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, иронично ги прокоментирала зборовите на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борељ за “главниот успех на европската дипломатија”, изразувајќи му “сочувство” на Брисел.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борељ претходно го нарекол сопирањето на мигрантскиот бран од Белорусија во ЕУ главен успех на европската дипломатија во 2021-ва година.

Google search engine

“Колку се тогаш жални дејствувањата на европската дипломатија. Мое сочувство”, напишала Захарова на Телеграм каналот по тој повод.

Мигрантската криза на границата на Белорусија со Латвија, Литванија и Полска, каде од почетокот на годината се упатиле мигранти, се заостриле на 8-ми ноември. Неколку илјади мигранти дошле од белоруско-полската граница и не ја напуштаат пограничната зона. Некои од нив се обиделе да влезат во Полска, кршејќи ја оградата од бодликава жица.

Земјите од Европската унија го обвинуваат Минск за намерна ескалација на кризата и повикуваат на воведување санкции. Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко смета дека за оваа ситуација се виновни самите западни земји, поради чии дејствија луѓе бегаат од војни.