Захарова: Снимките од Буча се нарачка од САД и НАТО

Руското Министерство за надворешни работи обвини дека снимките од загинатите цивили во Буча биле нарачани од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува „Скај њуз“.

„Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО“, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа.

Google search engine

Руското МНР вчера, исто така соопшти дека снимките и видеата кои укажуваат на воени злосторства се „провокација“ и оти ниту еден жител на Буча не настрадал од насилство извршено од руски војник.