Захарова до западните медиуми: Можете ли да објавите распоред за нашите напади, да можам да си го планирам одморот

Би сакала да побарам од американските и британските медиуми, “Bloomberg”, “New York Times” и “The Sun”, да објават распоред на нашите претстојни инвазии за оваа година. Би сакала да си го испланирам одморот, напишала портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на “Телеграм”.

Марија Захарова иронично побарала од американските и британските медиуми да објават распоред на наводните инвазии на Русија на Украина за оваа година, за да може да планира одмор.

Google search engine

„Би сакала да побарам од американските и британските медиуми, “Bloomberg”, “New York Times” и “The Sun”, да објават распоред на нашите претстојни инвазии за оваа година. Би сакала да си го испланирам одморот“, напишала портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на “Телеграм”.

Западните земји и Киев ја обвинуваат Русија дека планира да ја нападне Украина, што Москва негира.

Западните медиуми неколку пати го објавиле денот на инвазијата, а според наводите на весникот “Политико”, американскиот претседател Џозеф Бајден рекол дека Русија би можела денеска да ја Украина, потсетува “Tass”.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека слушнал дека 16-ти февруари би можел да биде денот на рускиот напад.

„САД сакаат да го блокираат Северен тек 2“

Захарова изјавила дека САД ги поттикнува тензиите околу Украина за да го блокира Северен тек 2.

Истакнала, исто така, дека Вашингтон сака да преземе дел од европскиот пазар за гас од Русија, пренесува “Interfax”.

ПретходнаБулеварот “Видое Смилевски Бато“ добива пешачка и велосипедска патека
СледнаБела ајкула усмрти пливач во Сиднеј – Затворени најпознатите плажи (ВИДЕО)