Загубата на бебето целосно ја уништи, а потоа се најде среде скандал. „Трезна сум 50 дена“

Сопругата на пејачот Џон Леџенд (42) и поранешна манекенка, Криси Тиген (35), му се препуштила на алкохолот после исклучително тешката загуба што ја снајде, а сега конечно успеала да се избори со порокот.

Имено, во ноември минатата година, некогашната манекенка го загуби бебето во 20-та недела од бременоста, а подоцна се најде среде скандал поради злоставување уште од 2011-та година.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Криси често со своите следбеници на Инстаграм споделува информации за приватниот живот. Па така и овојпат со нив споделила дека му била верна на алкохолот но дека сега е трезна веќе 50 дена. Таа објавила видео на кое се гледа како си игра со децата, а во описот напишала:

„50 дена сум трезна! Требаше да прославам една година, но некогаш знаев да се напијам некоја чаша вино. Ова е најдолго досега да сум трезна. И понатаму не знам дали некогаш повторно ќе пијам, но знам дека алкохолот повеќе не ми служи на било кој начин. Не се забавувам, не танцувам, не се опуштам. Се разболувам, заспивам и се будам болна, пропуштајќи го она што веројатно било забавно. Претходно со алхокол ми беше забавно и ги ценам сите што можат одговорно да уживаат во него! Ова воедно ми е и трети ден оваа недела како тренирам, што за мене е многу чудно“, напишала Криси на Инстаграм.