Загрижувачко откритие на научниците – Европа станува сè постудена! Зошто?

Загадувањето и климатските промени предизвикуваат нарушување на длабоките струи, поради што Европа би можела да стане сè постудена, а топењето на мразот е забрзано.

Сè побрзото топење на мразот на Антарктикот како последица на климатските промени предизвикува драматично забавување на длабоките струи на океанот и би можело да има катастрофален ефект на климата, наведуваат австралиските научници во истражување објавено во магазинот „Nature“.

Google search engine

Длабоките текови на водата кои ги придвижуваат океанските струи би можеле да се намалат за 40 отсто до 2050 година. Струите пренесуваат витална топлина, кислород, јаглерод и нутриенти ширум планетата, а измената во северноатлантската струја би можела да доведе до остро заладување во Европа, наведуваат научниците.

Студијата објавена во магазинот „Nature“ предупредува и дека забавувањето на длабоките текови може да доведе до намалување на капацитетите да апсорбираат јаглерод диоксид од атмосферата. Длабоките струи на двете хемисфери биле стабилни илјадници години, но сега се забавуваат што научниците длабоко се загрижени.

И двете струи се резултат на движење на ладните, солени и тешки води кон дното на океанот во близина на Антарктикот. Но, топењето на слатководните ледени брегови доведува до намалување на количината на солта во водата, со самото тоа и нејзината густина поради што се движи побавно.

„Нашето истражување покажува дека доколку глобалните емисии на јаглерод диоксид продолжат со тоа темпо, длабоките струи ќе забават за повеќе од 40 отсто во наредните 30 години. Тоа ги става на траекторија која делува насочено кон колапс. Доколку океанот би имал бели дробови, тие струи би биле едно од крилата“, изјавил океанографот професор Метју Ингланд од Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Намалената циркулација во океанот значи дека водата која апсорбира јаглерод диоксид на површината побрзо достигнува капацитет, а водата од поголемите длабочини која треба да ја замени не постигнува доволно брзо да го направи тоа.

Студијата „Атлас“ од 2018 година покажала дека системот на циркулацијата на водите во Атлантскиот океан станува послаба и дека во изминатите 150 години драстично се изменила. Промените во тој систем би можеле да ги разладат океаните и со тоа северозападна Европа. Исто така влијание има и на екосистемите на длабокото море.

„Оваа вест е вест за насловни страници и загрижувачко е да се гледа со која брзина се одвива сето тоа“, прокоментирал климатологот Алан Микс од Универзитетот во Орегон.