Загрижувачко однесување на славната актерка: Одела по работ од зградата и си зборувала сама со себе (Фото/Видео)

Актерката Хедер Локлир изгледала вознемирено откако го напуштила едночасовниот состанок во деловната зграда во Малибу, Калифорнија.

Локлир, која своевремено се бореше со зависност од алкохол и дрога,била фотографирана како оди на работ од зградата по состанокот.

Google search engine

61-годишната актерка, која носела спортски комплет и влечки, се држела за столбовите за да не падне на паркингот.

Откако успешно стигнала на другата страна, седнала и почнала да пишува нешто во својот бележник додека си зборувала сама со себе. Во еден момент се чинело дека се налутила на содржината од својот бележник, додека го ставала во својата чанта.

Таа поминала речиси еден час, седејќи на скалите и зборувајќи си сама со себе.

Видеото од нејзиното загрижувачко однесување може да го погледнете ТУКА.

Да ве посетиме, Хедер во февруари 2018 година била уапсена поради насилство во семејството, кога, според пишувањето на американските медиуми, го претепала својот вереник, а само неколку месеци подоцна ги нападнала и своите родители.