Загреб гореше, бурно прославен историскиот успех на Динамо ВИДЕО

Загреб прослави една од најспектакуларните победи на Динамо во клупската историја, илјадници фанови и навивачи на хрватскиот првак, веднаш по натпреварот со Тотенхем се собраа пред Максимир за да ги поздрават своите миленици.

Google search engine

Факели, навивачки песни, заглучувачки звукови… сето тоа го одбележа големото славје пред стадионот, а во прв план беше напаѓачот Мислав Оршиќ кој со хет-трик го потона премиерлигашот. За Хрватите, овој триумф на Динамо е еднаков на освојувањето на Купот на саемски градови во 1967 година (подоцна Куп на УЕФА), а за изданието на Оршиќ тврдат дека такво нешто не е видено на Максимир половина век.

На фудбалерите не им беше дозволено да заминат во своите домови, беа запрени пред стадионот и мораа да се приклучат на големот славје кое траеше до долго во ноќта.