Бизнисменот Дејл Чејни загинал при пад од 54-ти кат од зграда во Њујорк. Пред трагедијата престојувал во познат бар кој се наоѓа на истиот кат, а како што пренесуваат медиумите, ден претходно од својата сопруга побарал развод.
Ова се случило во средата, на 25-ти јануари, во 18:30 часот по локално време, а полицијата соопштила дека Дејл бил прогласен за мртов на самото место, пренесува „Daily Mail“.
Како што е соопштено од полицијата, се проверува дали станува збор за самоубиство, а претходно било соопштено дека Чејни и неговата сопруга два пати имале пријава за насилство во семејството, како и дека во главно се карале поради финансии.

Сопственикот на барот во кој Чејни последно престојувал, исто така се огласил.
„Навистина сме скршени поради ситуацијата која се случи вечерва на кровот на нашиот бар. Сите сме со семејството и пријателите на починатиот“, рекол сопственикот Том Блундел.

Тој додал дека цело време соработува со полицијата.
Чејни во 2013-та година ја основал компанијата „T-street Capital“, која се занимава со капитални вложувања и стратешка инквизиција, а исто така бил член на одборот и инвеститор во уште шест компании во четири различни држави.
Инаку, ова а втор пат во последните четири месеци некој да скокне од кровот на истата зграда.

