Момче загина кога автомобил влета во група марокански фудбалски навивачи во Монпелје, Франција, по вториот полуфинален фудбалски натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во Катар, соопшти владата на департманот Еро.
„Четиринаесетгодишно момче кое беше удрено со автомобил во Монпелје по полуфиналето на Светското првенство беше донесено во болница во тешка состојба, но подоцна почина“, се вели во соопштението на локалната власт.
Police intervene. #FRAMAR #Brussels 🇲🇦🇫🇷 pic.twitter.com/BEcnfT0ck0
— Yassin Akouh (@Yassin_Akouh) December 14, 2022
Како што е соопштено, автомобилот кој учествувал во инцидентот бил пронајден во близина на местото на несреќата, а полицијата во моментов врши увид.
Откако француската фудбалска репрезентација го совлада Мароко со резултат 2:0, избувнаа нереди во неколку француски градови.
Во франција живеат голем број Мароканци, кои организирано го следеа натпреварот од Светското првенство меѓу Мароко и Франција, во повеќе градови. Навивачите на двете репрезентации се судрија во главниот град на Франција.
Des débordements ont lieu à #Bruxelles ce mercredi soir, suite à l’élimination du Maroc contre la France à la Coupe du monde.#Brussels #francemaroc #FIFAWorldCup pic.twitter.com/eoCd7mt5Qr
— Infos Bruxelles🇧🇪 (@Bruxelles_City) December 14, 2022
Во Брисел, по поразот на Мароко, приведени стотина навивачи
Во Брисел пак, околу стотина навивачи се приведени синоќа, поради нереди по поразот на Мароко од Франција со 2:0 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во фудбал, што се одржува во Катар, информираше новинската агенција Белга, повикувајќи се на полицијата.
Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата изутринава.
Un français voulant célébrer la qualification de la France se fait Lyncher sur #Grenoble #FRAMAR #PARIS #MONTPELLIER pic.twitter.com/vtvH4LmzM2
— Ang D 🇩🇴✝️ (@jjg_____) December 14, 2022
Делови од патиштата во центарот на градот беа блокирани во пресрет на натпреварот, се вели во извештајот. На фотографиите кои ги објави Белга има купишта запалено ѓубре, голем број полицајци облечени во опрема за разбивање нереди и жители кои синоќа почнале да ги чистат улиците.