Возач на скутер загина вечерва на улицата „Козле во истоимената населба, во трагична сообраќајна несреќа во која учествувале мотор и два автомобили.
На самото место веднаш пристигнала и интервенирала Брза помош, но за жал, не успеале да го спасат момчето.
Другите возила кои учествувале во несреќата се „Mini Cooper“ и „Citroen“.
Како што пишуваат медиумите, улицата е блокирана за сообраќај, а во моментот полицијата врши увид на местото на несреќата.
Засега нема повеќе детали од полицијата околу причините за несреќата и околностите во кои се случила.
Фото: Република