Заев: Во директни разговори со „Фајзер“ Филипче обезбеди 8000 вакцини; Пендаровски: Од „Фајзер“ ни рекоа дека не разговараат со држави под 2 милиони жители

Насловот на овој текст е доволен и секој коментар е одвишен. Кој лаже многу, а кој повеќе, просудете. Едно е факт – вакцини во Македонија се уште нема. На годишнината од полицскиот час воведоа нов, а нема да не изненади и ако не подготвуваат за уште еден карантински Велигден.

Бомбите на „Ла верита“ повторно му експлодираат на Заев во скутот. Барале провизија за здравјето на сите. Нашето здравје вреди колку длабочината на нивниот џеб. Вакцини во Македонија се уште нема, а ќе нема ниту помош од ЕУ, зашто не побарале.

Реклама

Ете, таква ни е државата!

4 јануари 2021 година

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против КОВИД-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

11 март 2021 година

Да споделам една коресподенција која јас и еден од нашите министри ја имавме со најголемата компанија „Фајзер“ пред Нова година кога се обративме во седиштето. Прво не прашаа која е големината на потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме околу два милиони луѓе, разговорот брзо заврши. Рекоа дека во овој момент имаме неверојатно навалување на држави со стотици милиони жители. Така била политиката, да не разговараат со држави помалку од 2 милиони жители“, рече Пендаровски кој додаде дека системот „Ковакс“ потфрлил.

Реклама