Премиерот Зоран Заев по сведочењето на денешното судење за предметот Титаник, во неговата изјава пред новинарите рече дека очекува „час поскоро“ Мијалков да биде пронајден и да се спроведе судската одлука.
-Очекувам одговорност, каде затаил случајот и сето тоа да се заврши. Очекувам целосни одговори и одговорност, затоа што и нашиот народ тоа го очекува, и очекувам Мијалков да биде пронајден и да се спроведе судската одлука“, истакна Заев.
Тој потенцираше дека очекува Мијалков да биде пронајден и детали како се случило Мијалков да го нема.