Сопственикот и директор на Пинк медиа груп, Жељко Митровиќ, на својот Инстаграм профил најави откажување на реалното шоу „Задруга“, најдолго од 10 дена.
Според изворот, финалето на „Задруга“ редовно ќе се одржува на 8 јуни, а гледачите ќе гласаат за својот миленик.
– Митровиќ ја затвора „Задруга“, но финалето ќе се одржи. На 8 јуни љубителите на реалното шоу ќе го изберат својот миленик кој ќе добие пари од продукцијата како главна награда – тврди изворот.
-По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја откажам реалити програмата „Задруга“ во најкус можен рок, не подолго од десет дена. Сметам дека единството на Србија и оценката на претседателот на Републиката е поважна од каков било интерес на Пинк и мојот личен интерес – објави Митровиќ на својот Инстаграм профил.
Инаку, реалити програмата „Задруга“ имаше шест сезони, а победниците добија награда од 100.000 евра. Концептот беше таков што камерите го следеа животот на учесниците во Белата куќа по девет месеци во секоја сезона.