Забавите Џонсон го чинеа власт, дали ќе биде исто со новиот премиер? Испливала снимка од забава на новиот премиер

Сунак ќе биде прва црномуреста личност, првото лице со азиско потекло и прв хиндуист кој ќе ја води Велика Британија.

Риши Сунак е нов британски премиер, бидејќи Борис Џонсон се повлекол од трката во неделата велејќи дека сфатил дека, иако има доволно поддршка да влезе во финалето, на земјата и на Конзервативната партија и е потребно единство.

Google search engine

Претходно Лиз Трас поднела оставка, како премиерка со најкраток мандат на таа позиција.

Сунак прв пат привлекол внимание кон себе кога на 39-години станал министер за финансии, а на таа позиција го именувал Борис Џонсон.

Сунак ќе биде прва црномуреста личност, прво лице со азиско потекло и прв хиндуист кој ќе ја води Британија.

Неговата победа некои ја гледаат како победа на разновидноста и подобра репрезентација во британската политика, во која доминираат стари белци.

Сунак е роден во англискиот пристаништен град Саутемптон, а родителите му се Индијци кои мигрирале во 60-тите во Британија од источна Африка. Сунак се образувал во Винчестер колеџ. После тоа студирал филозофија, политика и економија (ППЕ) на Линколн колеџ во Оксфорд, а подоцна се стекнал со „MBA“ на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија како стипендист на Фулбрајт. Додека студирал на Стенфорд, ја запознал својата идна сопруга Акшата Мурти, ќерка на индискиот бизнисмен милијардер Н. Р Нарајане Мурти.

Сунак и Мурти се 222. најбогати луѓе во Британија, со заедничко богатство од 730 милиони фунти во 2022-ра.

Тој исто така ќе биде најмлад премиер во повеќе од 200 години.

Богатството на Сунак е редовна тема на разговор во текот на последната лидерска кампања и веројатно повторно ќе стане. Неговите Прада мокасинки од 450 фунти и паметна шолја за кафе од 180 фунти поттикнале критики дека поранешниот студент на Винчестер колеџ нема допир со реалните потреби.

Ваквото богатство довело до сомнеж кај Британците кои сметаат дека Сунак е премногу богат за да ги разбере секојдневните потреби на гласачите.

Како што поранешниот претседател на Конзервативната партија, Борис Џонсон, бил на мета на критики поради неговиот стил на живот и спорните забави во текот на пандемијата, можеби нема да биде многу поинаков случајот и со новиот премиер.

Новата снимка која се појавила на популарната платформа ТикТок, каде Руши Сунак лудо се забавува, собрала 8 милиони прегледи.

Погледнете во приложеното видео како се забавува новиот британски премиер.

@greatbritishmemes We really do know how to pick them… 🤣 #memes #ukmemes #british #britishmemes #greatbritishmemes #fyp #funny #primeminister #rishisunak ♬ original sound – greatbritishmemes