Забава во Германија завршила со најмалку 25 лица заразени од корона, меѓу нив има и вакцинирани

Во Германија во градот Карлсруе после забава во дискотека со ковид – 19 се заразиле најмалку 25 млади лица.

Се смета дека двајца од гостите биле веќе заразени па на тој начин го рашириле вирусот.

Google search engine

Ова жариште досега донесе вкупно 34 инфицирани, соопштил надлежниот секретар Нут Билер.

Шестмина од нив биле вакцинирани, но биле позитивно тестирани за делта сојот. Инфицираните досега имале слични симптоми како за корона вирусот, додека кај никој не била забележана потешка здравствена слика.

Билер рече дека регистрацијата на гостите е проблематична, односно дека ливчињата се пополнувале рачно и, според него, секој втор билет не може да се прочита, односно не ги содржи сите информации или истите недостасуваат.